1 00:00:04,000 --> 00:00:10,000 Пред 25 години не била откриена ниту една планета надвор од Соларниот систем. 2 00:00:10,000 --> 00:00:18,000 Денес за среќа знаеме дека постојат илјадници вакви планети и истите се проучени до најситниот детал. 3 00:00:19,000 --> 00:00:25,000 Опсерваториите на ЕЅО во Чиле се на браникот на проширувањето на ваквото научно знаење. 4 00:00:25,000 --> 00:00:29,000 Нивните врвни инструменти продолжуваат да откриваат 5 00:00:29,000 --> 00:00:34,000 и да го проучуваат мноштвото од егзопланети (планети надвор од Соларниот систем, н.з). 6 00:00:38,000 --> 00:00:49,000 Ова е ESOcast! Врвна технологија и животот зад кулисите во ЕЅО, Европската Јужна Опсерваторија. 7 00:01:01,000 --> 00:01:06,000 Гледајќи кон ноќното небо, луѓето во текот на историјата се прашувале дали постојат планети 8 00:01:06,000 --> 00:01:10,000 - а особено планети кои поддржуваат услови за живот - надвор од Соларниот систем. 9 00:01:11,000 --> 00:01:16,000 Астрономите си ги поставувале истите прашања, но и многу други. 10 00:01:17,000 --> 00:01:19,000 Дали планетите се вообичаена или ретка појава? 11 00:01:19,000 --> 00:01:24,000 Дали тие се слични на планетите од Соларниот систем или се целосно различни? 12 00:01:25,000 --> 00:01:28,000 До скоро, 13 00:01:28,000 --> 00:01:34,000 техниките на набљудување не биле доволно напредни за да дадат одговор на овие прашања. 14 00:01:35,000 --> 00:01:39,000 Во 1995 година сето тоа се променило преку ноќ. 15 00:01:39,000 --> 00:01:43,000 Била откриена првата егзопланета која орбитира околу ѕвезда налик нашето Сонце. 16 00:01:44,000 --> 00:01:51,000 Ова историско откритие било направено од женевските астрономи Мајкл Мејор и Дидие Келоз 17 00:01:51,000 --> 00:01:54,000 околу ѕвездата 51 Пегаз. 18 00:01:56,000 --> 00:02:01,000 Егзопланетата била наречена 51 Пегаз б со маса еднаква на половина од масата на Јупитер 19 00:02:01,000 --> 00:02:06,000 и истата правела една ротација околу својата ѕвезда за приближно 4 земјини денови. 20 00:02:07,000 --> 00:02:09,000 Но ова било само почетокот. 21 00:02:09,000 --> 00:02:13,000 Ова откритие причинило лавина од последователни откритија. 22 00:02:13,000 --> 00:02:20,000 Илјадници егзопланети со различни големини и орбити биле откриени до сега. 23 00:02:21,000 --> 00:02:27,000 Голем дел од овие откритија се направени во опсерваториите на ЕЅО во Чиле. 24 00:02:28,000 --> 00:02:32,000 Но, потрагата по егзопланети претставува сериозен предизвик. 25 00:02:32,000 --> 00:02:38,000 Овие непознати светови се кријат во сенка, притоа емитирајќи многу малку или не емитирајќи светлина. 26 00:02:38,000 --> 00:02:44,000 Секоја светлина која ја емитираат е засенена од сјајноста на ѕвездата околу која орбитираат. 27 00:02:45,000 --> 00:02:51,000 Сепак, со користење на напредни методи на набљудување може да се откријат ваквите планети. 28 00:02:52,000 --> 00:03:00,000 Слабата гравитациона влеча на егзопланетата во орбита ја тера ѕвездата околу која орбитира да се клати. 29 00:03:00,000 --> 00:03:04,000 Овие мали движења предизвикуваат промена во спектарот на ѕвездата 30 00:03:04,000 --> 00:03:11,000 која лесно ја регистрираат спекторграфите на ЕЅО, како што е HARPS, преку следење на страничната брзина. 31 00:03:12,000 --> 00:03:18,000 HARPS е инсталиран на 3.6 - метарски телескоп во опсерваторијата Ла Сила 32 00:03:18,000 --> 00:03:21,000 и тој е првиот светски трагач по егзопланети. 33 00:03:21,000 --> 00:03:26,000 Тој е најуспешниот трагач по егзопланети со мала маса. 34 00:03:27,000 --> 00:03:33,000 Во 2010 година овој инструмент го открил најбогатиот планетарен систем. 35 00:03:33,000 --> 00:03:41,000 Системот е лоциран на 120 светлосни години, истиот орбитира околу ѕвездата HD 10180 36 00:03:41,000 --> 00:03:45,000 и содржи најмалку 5 егзопланети. 37 00:03:47,000 --> 00:03:52,000 Постојат докази дека повеќе од две планети се присутни во овој систем, 38 00:03:52,000 --> 00:03:56,000 а едната од нив е со до сега најниска откриена маса. 39 00:03:59,000 --> 00:04:06,000 Астрономите можат да ги користат планетарните транзити за индиректно да откријат далечни светови. 40 00:04:06,000 --> 00:04:11,000 Кога една планета поминува пред ѕвездата околу која орбитира - како што ние ја го гледаме од Земјата - 41 00:04:11,000 --> 00:04:16,000 таа блокира од вид мало делче од светлината која ја емитира ѕвезда. 42 00:04:16,000 --> 00:04:21,000 Ова создава пад во сјајноста на ѕвездата и истиот може да биде измерен. 43 00:04:22,000 --> 00:04:26,000 Дополнително, при утврдување на големината на егзопланетата, 44 00:04:26,000 --> 00:04:32,000 планетарните транзити можат да го откријат и составот на атмосферата на егзопланетата. 45 00:04:33,000 --> 00:04:36,000 Атмосферата на една супер - Земја 46 00:04:36,000 --> 00:04:42,000 беше анализирана за прв пат со помош на Многу Големиот Телескоп (н.з на ЕЅО). 47 00:04:43,000 --> 00:04:47,000 Планетата, позната како GJ 1214b, 48 00:04:47,000 --> 00:04:54,000 била истражена додека поминувала пред ѕвездата околу која орбитира и кога светлината од ѕвездата поминувала низ атмосферата на егзопланетата. 49 00:04:55,000 --> 00:05:01,000 Оваа ѕвездена светлина покажа дека атмосферата на супер - Земјата во најголем дел била изградена од вода во форма на пареа 50 00:05:01,000 --> 00:05:05,000 и истата во најголем дел била покриена со густи облаци и магли. 51 00:05:06,000 --> 00:05:13,000 Директно набљудување на една егзопланета е историско, што за прв пат било постигнато од страна на ЕЅО. 52 00:05:14,000 --> 00:05:21,000 Со Многу Големиот Телескоп била направена првата слика од егзопланета. 53 00:05:21,000 --> 00:05:26,000 2М1207б има маса која е за 5 пати поголема од онаа на Јупитер. 54 00:05:26,000 --> 00:05:35,000 Орбитира околу „поранешна“ ѕвезда од типот кафено џуџе, на растојание кое е за 55 пати поголемо од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето. 55 00:05:36,000 --> 00:05:41,000 Телескопите на ЕЅО се екипирани со врвни инструменти, 56 00:05:41,000 --> 00:05:44,000 но за да остане на браникот на потрагата по егзопланети, 57 00:05:44,000 --> 00:05:50,000 неодамна ЕЅО порача два нови инструменти за Многу Големиот Телескоп. 58 00:05:50,000 --> 00:05:58,000 Со инструментот SPHERE ќе може да се најде и проучи помалку сјајни планети, затскриени во сјајот на ѕвездите околу кои орбитираат. 59 00:05:58,000 --> 00:06:06,000 А во блиска иднина, пристигне спектрографот ESPRESSO, кој ќе го надмине HARPS. 60 00:06:08,000 --> 00:06:13,000 Европскиот Екстремно Голем Телескоп, кој моментално е во изградба во Чиле, 61 00:06:13,000 --> 00:06:17,000 ќе ја однесе чекор подалеку потрагата по егзопланети. 62 00:06:17,000 --> 00:06:23,000 Со ставање во употреба, 39 - метарскиот телескоп ќе открива егзопланети со големина на Земјата 63 00:06:23,000 --> 00:06:27,000 и најверојатно докази за вонземски биосфери. 64 00:06:29,000 --> 00:06:35,000 Потрагата по егзопланети претставува клучен елемент на она што можеби 65 00:06:35,000 --> 00:06:41,000 е најтешкото прашање на сите времиња: дали постои живот во друг крај на Вселената? 66 00:06:41,000 --> 00:06:47,000 Во претходните 20 години, нашето познавање за егзопланетите значително се зголеми. 67 00:06:47,000 --> 00:06:51,000 Но потрагата по егзопланети со големина на Земјата и оние кои поддржуваат услови за живот 68 00:06:51,000 --> 00:06:55,000 остануваат да бидат едни од најголемите области во астрономија. 69 00:06:56,000 --> 00:07:03,000 Дали сме само? Не знаеме, но наскоро одговорот ќе ни биде на дофат. 70 00:07:06,000 --> 00:07:12,000 Транскрипција на ЕЅО; Превод на Андреј Стојчевски.